Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје, соопштија од Министерството за здравство.
Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.
Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.
Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука,
Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.
Според Комисијта во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.