Партиите од власта со повикаа на еко директиви и подмукло ги протнаа членовите во Казнениот законик со кои се амнестира криминалот. Заштита на човекови права, владеење на право, реформа во јавна администрација е клучна за ЕУ, а што прави власта амнестира криминал, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.
Според Пешевска има начин да се поправат состојбите во земјава, само треба чесен пристап и грижа за граѓаните. Таа се осврна на скандалите поврзани со Владата на СДСМ и ДУИ.
Кога гледав колку Бујар Османи е шокиран дека не знае кој ја финансира партијата и дека истата фирма и истите лица добиле и тендер, не знам кого повеќе да жалам дали него или Артан Груби кој вели дека нема сопствено возило, саркастично забележа Пешевска која укажа и на низата недоследности и во случајот со изградба на коридорите 8 и 10д.
Обвинителството отвори истражна постапка но нема никакво поместување, која е целта на изградбата кога пари веќе се одлеваат. Ова е еден лов во матно и ништо повеќе ништо нема транспарентно. Зборувам за постапките кои не биле по процедура во делот на коридорите 8 и 10д – кажа Пешевска.
Пешевска укажа дека процесот на рехабилитација на областите во државата ќе оди многу тешко.
Законите мора да се спроведуваат, а кај нас само цвета криминал. Конкретно за случајот Онкологија во 2017 година имало като систем за контрола на лекарствата за онколошки болни, а го заклучиле во подрум. Како мирно спијат луѓето кои го препродавале лекарствата. За оваа криминална бизнис мрежа говорат многу институции и извештаи. Овој случај мора да има разрешница – рече Пешевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.