Оваа генерација на градоначалници веќе донесе промени во општините, нешто што многу радува со нивната достапност и пристапност кон граѓаните, изјави претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на денешниот политички саем насловен „Саем на промени што носат иднина“.

Пешевска истакна дека граѓаните слободно можат да комуницираат со градоначалниците и имаат отворени денови во кои можат лично да стапат во контакт.

Таа додаде дека покрај низата опструкции кои ги имаат општините, тие со домаќинско работење покажаа дека може да има реализација на проектите и те како корисни за граѓаните.

И покрај многуте опструкции кои ги имаат од централната власт и за жал кои ги имаат сеуште со одземање на ингеренции, сепак со домаќинско водење на општините градоначалниците покажаа еден капацитет за поголема активност на терен“, вели Пешевска.

Пешевска истакна дека денес податоците од денешниот саем покажуваат дека има 61% зголемување на сопствените приходи на општините каде се градоначалниците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додека за жал од другата страна каде општините се водени од СДСМ има пад од 62% на сопствените приходи.

Бевме сведоци во минатото кога СДСМ и ДУИ имаа повеќе свои градоначалници , кога имаше барем 3 законски решенија за отпис на долгови во општини, за финансиска помош, ревитализација во делот на економијата во општините, за жал во овој мандат откако ВМРО-ДПМНЕ има повеќе градоначалници, изостануваат тие законски решенија, потенцираше Пешевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.