Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска го искористи Фејсбук просторот да го објави јавно својот одговор на прашањата поставени од Инфомакс и новинарката Александра Петровска откако порталот не ги објавил одговорите на поставените прашања.
Новинарката Петровска од Пешевска побарала коментар на изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека добивала закани од претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Во текот на вчерашниот ден добив прашање од Инфомакс и Александра Петровска.
Прашањето беше:
“Почитувана, како претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, како ги коментирате изјавите на градоначалничката Арсовска дека добивала закани од Христијан Мицкоски. Дали осудувате вакво насилство и дали доколку се докаже дека е вистина ќе побарате извинување од Мицкоски?
До почит,
Александра Петровска, Инфомакс.”
Чекав 24 часа да го објават одговорот, тој не беше објавен. Иако се согласи да го објават во целост. Во прилог одговорот кој го дадов:
Одговор на вашето прашање, воедно би замолила, во име на професионалното известување и вашата декларативна заложба информациите да се без цензура, истиот да биде пренесен во целост:
…
Како жена која што ја предводи најголемата политички организирана структура на жени во Македонија можам да кажам дека изнесените тврдења за некакви закани се комплетна лага и измислица. Впрочем претседателот Мицкоски секогаш давал огромна поддршка во борбата за правата на жената, а како човек кој има лично искуство од тимската работа во партијата и директна соработка со Претседателот на партијата можам да посведочам дека тоа што го соопшти Арсовска не е дел од неговата култура, ниту пак е карактерна особина на претседателот Мицкоски, нешто што пак не можам да го кажам за г-ѓата Данела Арсовска. Ќе потсетам дека таа впрочем освен од раководните органи на партијата, имаше огромна поддршка и од мене лично и од целата Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ. Јас лично бев вклучена во борбата против говорот на омраза кој беше насочен кон г-ѓата Арсовска во изборната кампања, а таа денес очигледно ја превзема палката и ударното место во сеење на лаги и говор на омраза, нешто против што се боревме. Секој ден станува појасно која е суштината на средбите на Арсовска со Ковачевски, и создавањето на димна завеса за сите скандали на власта. Жалам што Арсовска ја превзема таа улога која и ја додели власта, и ќе и препорачам помалку да служи за туѓи интереси и да не биде водена од тендер политиката, и повеќе да е фокусирана кон решавањето на проблемите на скопјани. Самото количество на лаги отвора и сомнеж за деловна неспособност во раководењето на градот, нешто за што треба да се позанимава и самиот систем на државата.Плус со глумењето жртва во политиката ги дискриминира и иритира сите оние жени кои биле навистина жртви во политиката.
#НовинарствоБезЦензура
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.