Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето на европскиот пат и покрај уставните измени. Ваква порака од Скопје испрати Ираче Гарсија Перез лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европраламентот.

Перез која дојде во Македонија да даде поддршка за преговорите со ЕУ, им порача на македонските политичари дека не е време за партиски игри и дека уставните измени се од национален интерес.

– Не можам да дадам гаранција за она што бугарската влада ќе го стави на агендата. Не можам да гарантирам за тоа, но можам да гарантирам дека како група ќе работиме во Европскиот Парламент да ги консолидираме овие важни преговори. Важно е да се сфати дека кога зборувате за уставните измени тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за собранието на Македонија. – рече Ираче Гарсија Перез европратеник.

А премиерот Ковачевски и денеска атакуваше врз опозицијата. Со иста порака вината за идно стопирање на европскиот пат и неизгласани уставни измени кажа дека ја гледа во Левица, која според него го држи во заложништво целото ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера кажав, ќе кажам и денес. Најголемата опасност за нашиот пат кон Европската Унија лежи во една политичка партија која што има анти-европска, анти-нато и анти-интеграциона политика со западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. Тие веќе го имаат земено во заложништво претседателот на ВМРО ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб и без став. – рече Димитар Ковачевски премиер на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.