Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, годинава насловен „Обнова на довербата“.

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека е предвидено тој да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светските економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

-На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи, информира Кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.