Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

-Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ и да ви посакам празникот на Христовото раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа. Божиќ ни доаѓа на почетокот на новата година и ни дава сила и енергија да продолжиме исправено пред сите животни искушенија, потсетувајќи нѐ на смислата на нашето постоење и храбрејќи нѐ да им додадеме вредност на нашите животи ширејќи љубов и хармонија. Токму за големиот празник исполнети со вера и надеж да ја вратиме самодовербата и оптимизмот и да работиме посветено на остварување на нашите цели. Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и нека донесе просперитет во нашите семејства, во нашите соседства, во пошироката заедница, во целото општество. Да си даруваме почит и внимание, да бидеме грижливи и солидарни и да си ја чуваме татковината, се вели во честитската на претседателот Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.