Македонскиот перетседател, воедно и врховен командант на армијата, Стево Пендаровски уште еднаш покажа дека наместо да го поддржува народот и да биде во негова служба, тој повторно се стави во служба и ја поддржува политичката опција која го поддржа на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски минатата недела понуди два предлози со кои се овозможува интерграција на Република Македонија во Европската Унија, но со сочувани македонски национални интереси.

„1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори“, се предлозите на Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение прашуваат, Ковачевски да каже кој од овие два предлози го прифаќа, зошто во спротивно попусто троши време за состаноци и замајување на сопственото членство.

Освен што македонскиот премиер, Димитар Ковачевски до сега не се изјаснил кој од овие два предлога прифаќа, вчера и македонскиот претседател, Пендаловски се јави со став дека нереално било барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени.

Треба да имаме нови заклучоци на Советот на Европа, а знаете колку е тешко тоа, за да биде можно да ги усвоиме уставните измени со одложено дејство. Тоа е нереално. Се надевам дека тоа не се користи како изговор за да не се влезе во уставните промени“, рече вчера Пендаровски.

Веднаш после ваквиот став на претседателот, кој место на премиерот треба да му служи и да ги поддржува граѓаните, со коментар се јави портпаровот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој вели дека не се сомневавме дека Пендаровски ќе има поинаков став од Ковачевски и неговиот стопан ДУИ, но неговата обврска е да прави што е добро за државата, а не за Ковачевски и ДУИ.

Не се сомневавме дека Стево Пендаровски ќе има поразличен став од Димитар Ковачевски и нивниот стопан во власта, ДУИ. А замислите да се дрзнеше да има став со кој што ќе ги брани националните и државни интереси. Обврска е на Стево Пендаровски да прави што мисли дека е најдобро за државата и народот, а не што е добро за Димитар Ковачевски и ДУИ“, посочи Стоилковски.

Треба да се напомене дека барањето за одложено стапување на сила на уставните измени, со кој се овозможува влез меѓу другите националности и на Бугарите, освен што е предлог на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, може да се каже дека тоа е и став на мнозинството македонски граѓани.

Мнозинство од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, покажува истражување на јавното мислење кое за потребите на „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, која се објави во мај месец.

Според истражувањето, 56,1 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и други делови од народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Наспроти нив, 27,5 отсто од анкетираните даваат поддршка за уставни измени, додека 72,4 отсто од Македонците се против.

Значи, претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, наместо да го поддржува огромното мнозинство на граѓани кои се протв и не ги одобруваат ваквите измени, тој се стави во поддршка на премиерот Ковачевски, кој турка уставни измени против волјата на граѓаните распродавајќи ги македонските национални интереси по бугарски диктат.

Но, од друга страна, што може да се очекува од човек кој извршува највисока државна функција, кој вика дека условите во државата се лоши и дека ако не бил претседател ќе се иселел од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.