Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најтопло да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со мир, хармонија и со радост, вели Пендаровски.

И годинава како и минатата, Богојавление – Водици го празнуваме соочени со сѐ уште присутната епидемија на ковид-19, како и со бројни економски и општествени предизвици, додава тој.

Нека осветувањето на македонските води биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии. Со смирение и со молитва, солидарни и грижливи да се издигнеме над сите неволји и проблеми. Да ги наполниме срцата со надеж и со верба и да даруваме безусловна љубов на ближните. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави!, вели  Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.