Добрососедството, добрите односи меѓу соседите и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Ако земјите од Западен Балкан сакаат да станат членки на Европската унија, тоа е добро, а меѓу нив треба да имате добри односи и добра регионална соработка, изјави Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија по средбата во Вила „Водно“ со претседателот Стево Пендаровски.
Двајцата потврдија дека најголемиот дел од разговорите на средбата бвиле посветенеи на следниот состанок на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи утре во Охрид, а ќе го координира Борел.
Пендаровски истакна дека станува збор за исклучително важно регионално прашање кое долги години стои на целокупната западно-балканска агенда и чиешто решавање, нагласи, може само да помогне за побрзо приближување на целиот регион, не само на страните кои се инволвирани, кон евроатлантските асоцијации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.