Ќе потсетиме на новата епизода од индиската серија „Стево контра Пендаровски“. Тој е најпознат по тоа што сам себе се демантира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски во изборната кампања тврдеше дека прва одлука за која ќе се залага е генерален реизбор на судии и обвинители. Но, Пендаровски не би бил Пендаровски, ако сам себе не се демантира. Тој оди дури и чекор понатака па ја убедуваше јавноста дека тој бил еден од првите кој се противел на генералниот реизбор на судии и обвинители.

 

Може Пендаровски заборава што зборувал, јавноста памети.

 

Вистината е дека со заканите за генерален реизбор на судии и обвинители, Пендаровски и СДС правеа притисок врз правосудството за да може да вршат прогон на политичките неистомисленици.

 

Пендаровски покажа дека може да си го погази својот збор, па уште и бесрамно да лаже. Но катастрофално е што го погазува достоинството на народот и на државата. Пендаровски го изгуби целосно својот интегритет и кредибилитет. Време е за промени!, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.