Софија не бара Бугарите да бидат наведени само во Преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју џа ТВ24.
Пендаровски вели дека ниту една заедница во државата не е внесена во нормативниот дел на Уставот, па оттука не е можно да влезат ниту Бугарите.
– Во нормативниот дел на Уставот сега се споменуваат само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница, посочи Пендаровски.
Софија, вели претседателот, не зборува за „Бугари“, туку за „македонски Бугари“, нешто што е враќање кон „срамната теза“ за дебугаризација на Македонија.
За Пендаровски е неприфатливо во преговарачката рамка со ЕУ да влезат историски прашања и оспорување на јазикот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.