По веста за починатиот пациент болен од цистична фиброза, Благојче Илијевски со рекација се јавија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Од таму посочуваат дека за оние кои ги разбираат работите, претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.
За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување“, реагираат од Кабинетот на претседателот во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза.
Од таму додаваат дека не веруваат ни дека јасната содржина во двата документи ќе им помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна целта на ВМРО-ДПМНЕ, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немаат буквално ниту еден аргумент на своја страна.
„Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени“, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Оттаму повторуваат дека иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни, мора најитно да ја добијат неопходната терапија.
Претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски.
Претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И, не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат, или работат со граѓани од ранливите групи. Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми кои ги имаме во нашата држава, независно што не спаѓаат во негови надлежности. Во однос на обезбедување на лекот трикафта, претседателот Пендаровски како и членовите на неговиот Кабинет имаа комуникација и дадоа повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.