Првиот француски предлог не содржеше отворање на преговорите. Значи велеше се одржува првата политичка конференција, но немаше збор дека стартува првата фаза. Велеше кога ќе го промените Уставот, тогаш ќе ги отвориме преговорите. Сегашниот модификуван предлог вели сега ги отворате преговорите и ќе продолжите откако ќе го отворите Уставот, изјави претседателот Стево Пендаровски за тоа која е разликата меѓу првиот и модификуваниот француски предлог.
Пендаровски појаснува дека првиот предлог исто така не го предвидувал скрининг-процесот.
Овој модификуван предлог вели се отвора првата фаза и веднаш почнува скринингот, во таа насока имаме изјава на Фон Дер Лајен, рече претседателот во интервјуто во емисијата „Клик плус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.