Пред жителите на Карпош вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски повтори дека без остаток беше и ќе остане претседател за сите. Ова, како што рече тој за многумина е само фраза, но за него е животна филозофија.

Осврнувајќи се на неговата досегашна работа, Пендаровски рече дека стои зад секоја своја одлука бидејќи резултатите се видливи. Државата 4 години е членка на НАТО, најголемиот воен сојуз и загарантирана е нејзината безбедност. Во оваа насока посочи и дека ако немавме надворешна блокада од Бугарија и внатрешна од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку години земјата ќе беше полноправна членка и на ЕУ.

Вечерва ја барам вашата поддршка, но и поддршката од вашите блиски. Да ги убедите дека Македонија припаѓа во развиениот свет, во развиена Македонија, рече пред карпошани Пендаровски и истакна дека од денеска има точно еден месец до почетокот на неговиот втор мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.