Случајот е регистриран од надлежните служби и ќе биде поведена соодветна постапка – велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, откако оттаму беше посочено дека е лага дека на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп му е доделена благодарница.

На прашањето на Република упатено до Вила Водно дали ќе се преземат некакви мерки кон лицето што го злоупотребува името на претседателот по Демантот дека не постои издадена благодарница од страна на претседателот Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп добивме само краток одговор/

Роберт Тодороски од Прилеп на социјалните мрежи му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на социјалните мрежи посочи:

Една порака до Христијан Мицкоски – ако му е мила фамилијата и децата нека седи мирен во спротивно ќе завршат во некој ендек како кучуња и мувите ќе ги плукаат.

По ова прилепчанецот Роберт или Роберт Типчето, како што гласи профилот од кој се заканува  објави наводна благодарница од шефот на државата, за подоцна јавно му се извини на првиот човек на најголемата опозициска партија и да го повлече статусот.

Ќе остане ли целиот случај само на извинување и евентуална постапка за злоупотреба на името на претседателот на државата?! Ќе има ли одговорност за заканувачката порака со оглед дека досега се приведуваа лица за статуси во кои закана препознаваа само поединци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.