Претседателот Стево Пендаровски, го прими премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Поздравувајќи ја првата посета воопшто на еден шпански премиер на нашата држава, претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија. Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави. Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период – соопшти Кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Македонија останува конструктивен партнер на Европската Унија во одговорот на предизвиците предизвикани од војната Украина.

На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската Унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите. Во текот на разговорот, соговорниците разменија и мислења и во однос на актуелните случувања во регионот на Западен Балкан – стои во соопштението од Кабинатетот на претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.