Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија.
Во тој контекст, претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг процесот кој започнува во септември.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачкиот процес.
На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.