За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО Алијансата, настрана од кривичната која се води во Хрватска, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју во ТОП ТЕМА.

За денешниот дрон вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите и лета ниско.

Македонија има системи, сепак тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи, вели Пендаровски.

Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви  судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи, вели претседателот Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.