Од изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево ја доставија Програмата за претстојните избори.

„Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во својата програма за претстојните претседателски избори ги адресира клучните потреби на сите категории граѓани и нуди решенија за сите предизвици пред кое е исправено македонското општество.

Програмата на кандидатот Пендаровски е составена од пет клучни столба, односно Глас на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на младите ранливите и маргинализираните заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од кнаџите на организираниот криминал и корупција; Европска интеграција како двигател на целосната трансформација.

Независност од партиите и посветеност на граѓаните, формирање на советодавно тело за формулирање на ефективни демографски политики, зголемена грижа за нашата дијаспора, продолжување на корективната улога и употреба на правото на вето на закони кои се спротивни од интересите на граѓаните, предводење на концептот на целосен ветинг во судството и политиката и посветеност на унапредување на соработката со институциите на ЕУ, се само дел од заложбите на Пендаровски за вториот претседателски мандат“ се наведува во соопштението од штабот на Пендаровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.