Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска синоќа беа на официјална посета на Мадрид, на прием кај кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција.
Веста за свечениот настан претседателот ја соопшти на неговиот официјален фејсбук-профил.
„Вечерва со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствувавме на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на #НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. #NATOSummit #RoyalPalaceMadrid“, стои во описот на неколкуте фотографии од настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.