СДС, Ковачевски и Пендаровски бегаат од одговори за скандалот со мешетарот Араф Еисин, како ѓавол од темјан. Пендаровски сакајќи да се извади од аферата, се заплетка и самиот, но и неговите политички партнери СДС и Ковачевски и фактички ги призна контактите и соработката со скапиот израелски советник, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Сега редно е да го објават договорот за неговиот ангажман. Постојат сериозни индиции дека ова лице е плаќано со пари на рака, црни пари кои претходно биле испумпани од матните тендери во РЕК Битола.
Ако е ова точно, а никој од повиканите не го демантира, тогаш власта влегува од криминал во друг криминал. Имено црните пари се оние кои се нелегално стекнати и затоа уште еднаш се крши законот кога на рака се исплаќаат на некој кој ве советува во пресрет на кампањата да терате црна кампања, со етикетирања и поделби. Очекуваме дека надлежните институции ќе се одважат и ќе го мониторираат и проверат финансирањето на кампањата на Пендаровски и на СДС.
Времето за промени доаѓа, а по него доаѓа времето на одговорноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.