Централна свеченост по повод четири години од членството на Македонија во НАТО ќе се одржи денеска на платото пред Министерството за одбрана, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.

На свеченоста ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски. Армиската гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството на  во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Пред централната свеченост, во Министерството за надворешни работи ќе се одржи традиционален настан со дипломатскиот кор, со што ќе се одбележи почетокот на Деновите на НАТО во државава, кои ќе траат до 4-ти април.

По повод годишнинатата од членството во НАТО Владата вчера одржа свечена седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.