Не сум презел таква обврска, вели Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и реагира по изјавата на Ковачевси кој кажа дека Пендаровски ја презел обврската за евентуални преговори со грчките власти за продолжување на важноста на македонските пасоши на кои стои името Република Македонија. Пендаровски нагласува дека и процедурите поврзани со личните документи не се во негова надлежност.

Како што и претходно информиравме, претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Минатата недела Пендаровски во интервју за Сител рече дека веќе разговарал со двајца министри на кои им дал предлог рокот за промена на личните докуметнти, со мала законска измена, да се пролонгира за кон крајот на годината. Тој додаде дека за тоа може да се разговара со грчките власти и тие тоа да го дозволат, нагласувајќи дека и Грција го нема имплементирано Преспанскиот договор.

Погледнете по автопатот до македонска граница никаде нема ниту една табла на која го пишува уставното име на нашата држава, рече тогаш Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.