Претседателот Стево Пендаровски на средбата со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка- Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски рече дека е потребно ЕУ да го задржи фокусот на регионот, бидејќи во време на сериозни безбедносни предизвици на европско тло, на проширувањето не треба да се гледа само како на техничка процедура, туку како на важна геополитичка алатка на ЕУ.
„На средбата се разговараше за актуелните состојби на Западен Балкан, при што претседателот Пендаровски истакна дека европската перспектива е еден од важните предуслови за севкупната стабилност, безбедност и демократски развој на регионот“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
Тој се заблагодари за постојаната поддршка по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
„Беа разменети мислења за текот на билатералниот скрининг на нашата држава со ЕУ, како и за потребата од измени на уставот што произлегуваат од Преговарачката рамка со ЕУ“, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.