Честитки до сите православни верници во Република Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја, објави на фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски.

Денеска, aрхиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј, пишува во објавата на претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.