Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење, стои во писмениот демант испратен од тимот за комуникации „Претседател за сите – Стево Пендаровски!“

Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.

Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета, стои во демантот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.