Експлицитно барање на нивниот амбасадор во Брисел, пред сите други амбасадори на земјите членки, е Бугарите да бидат насекаде во Уставот. Последното нивно барање, ми тврдат од нашата Влада и Министерството дека е тоа веќе усогласено, е Бугарите да бидат само во Преамбулата, одговори претседателот на државата Стево Пендаровски на прашањето во кој дел од Уставот би биле застапени Бугарите.
Како секој друг, рече шефот на државата, не може да се прави преседан и не може во Уставот да бидат ставени Бугарите таму каде што не се и другите делови од народ.
Но, последно е и бараат да бидат само дел од Преамбулата. Инаку тоа, и за сите други делови од народ, е конститутивен елемент и нема дилема. Значи не во нормативниот…Ако се прифати ова се, веројатно ќе има уште една измена во нормативниот дел на Уставот, кој се вика Комитет на заедници, во кој претпоставувам ќе има место и за Бугарите. Само таму ќе се спомнуваат во нормативниот дел како и сите други што ги имаме во Преамбулата на Уставот, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.