Македонскиот министер за надворешни работи беше и обвинител, и судија, и посетител во болница во случајот на тепаниот охриѓанец со бугарска самосвест, пишува професорката Ана Павловска Данева на својот фејсбук профил.
Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на “блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас!
Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно!
Ќе можете ли?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.