Павле Трајанов, претседател на Демократски сoјуз, најостро го осудува обидот за атентат над Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.

Само мало движење го спаси Трамп да биде погоден во глава.

Овој обид за атентат во САД само потврдува дека и најразвиените служби и системи за безбедност не можат да спречат некој поединец/лудак да се обиде да направи атентат со тешки последици и рефлексии во САД, но и пошироко во светот.

Сигурно дека ќе следи широка и ефикасна истрага, но и предупредување до сите држави, дека заштитата од атентати е најсложена и најкомплексна безбедносна и политичка компонента, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.