Во Општина Карбинци во изминатите 100 дена покажавме дека можело да се работи и да се гради за својата општина, сакаме да покажеме дека можело поинаку и дека оваа наша општина може да биде многу подобро место за живеење, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот настан „ Промени што носат иднина – 100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Кочани.
Тој истакна дека пред само 3 месеци наследена е општина изолирана и недостапна за народот и јавно претпријатие кое должи повеќе од 20 милиони денари.
Нашиот мотив, знаење и умешност е посилен од сите препреки со кои се соочивме во овие 100 дена во кои успеавме да исчистиме две големи депонии, асфалтиравме улица во Таринци, го завршивме мостот и пристапниот пат во село Карбинци, започнавме партерно уредување на влезот во Таринци, рече Паунов.
Тој истакна дека одобрен реконструкција и доградба на училишната зграда во Таринци, но и доградба на градинката Кокичиња за капацитет за уште 50 деца, а истата добива и нови играчки.
Обезбедивме проекти за нова детска градинка во Карбинци. Обезбедивме проект за уредување на одводниот канал, во завршна фаза е уредувањето на речното на Козјачка река. Уредно легализиравме над 20 предмети кои чекаа завршница со години, а се работи и на останатите, индустриската зона добива инфраструктурно уредување, а уличното осветлување е подигнато на повисоко ниво, потенцираше тој.
Паунов нагласи дека општината денеска е отворена за народот, секој жител може да закаже средба за било каков проблем, забрзана е работата на општинската администрација, а тој како градоначалник се откажал од сите репрезентативни трошоци и сите привилегии.
Наскоро ќе следат асфалтирање на две нови улици во Карбинци, нова улица во Радање, реконструкција на патот Таринци – Долни балван со велосипедско пешачка патека, нови асфалтни површини во населените места, реконструкција на мало спортско игралиште, но и главна улица во Таринци, изјави Паунов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.