Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во 14 часот ќе бидат пред Владата. Ова незадоволство доаѓа откако почина пациент со оваа болест кому надлежните две години му ветуваа лек. Други седум пациенти се во слична состојба како овој пациент, а уште 130 чекаат лек.

Ова говори само за едно, државата не се грижи за граѓаните, државата не успева ниту лек да им обезбеди на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ,

Од опозициската партија го критикуваат министерот за здравство Беким Сали за кого лекот бил прескап.

Луѓето умираат – лек нема, лекари нема, ама затоа има 20 милиони евра или многу повеќе за отштета што не се гради нов клинички во Скопје. Тоа се пари кои државата треба да ги плати поради благо речено невнимание на надлежните или затоа што го раскинале договорот за градење на нов клинички во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.