Иселениците што имаат стар пасош по 12 февруари ќе можат да си дојдат во Македонија со патен лист, соопштија од македонската амбасада во Берлин.
Оттаму истакнуваат дека Македонците можат да поднесат барање за нов пасош и дека времето за издавање од денот на поднесување во просек изнесува 50-75 дена:
Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник“ број 122/21 кој гласи „Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година и во тие рамки обврската на македонските државјани кои по разни основи престојуваат во СР Германија (воедно и во Полска и Чешка) за аплицирање за издавање на нови патни исправи со новото уставно име „Република Cеверна Македонија“, известуваме за следното:
Сите македонски државјани кои престојуваат во СР Германија може да аплицираат за издавање на пасош во најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Македонија и тоа според следната поделба:
· Амбасадата во Берлин е надлежна за сојузните држави Берлин и Бранденбург, Тирингија, Саксонија, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург- Померанија (Berlin und Brandenburg, Thüringen, Sachsen, Niedersachsen, Sachsen-Anhalt, Hamburg, Schleswig-Holstein und Mecklenburg-Vorpommern).
· Одделението во Бон е надлежно за сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, Сарланд и Хесе (Nordrhein Westfalen, Rheinland-Pfalz, Saarland und Hessen).
· Генералниот конзулат во Минхен е надлежен за Баварија и Баден-Виртемберг (Bayern und Baden-Württemberg).
Аплицирањето се врши со претходно телефонско или по електронска комуникација закажување на термин за сликање за нова патна исправа на следните електронски адреси: [email protected], [email protected] и [email protected].
Информираме дека базни станици за издавање на пасоши покрај оние во СР Германија, има и во амбасадите во: Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Генералните конзулати во Њујорк и Чикаго. Мобилни станици за издавање пасоши се поставени во: амбасадите во Брисел, Стокхолм, и генералните конзулати во Венеција, Торонто и Мелбурн.
Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето.
Доколку државјаните на Република Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.
Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија“ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.