После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов.
Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.
Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?
Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.
ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.
На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.