Иако, во вештиот наод на одбраната во оваа постапка се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во предметниот период имала и други приходи од членарини и од буџетот кои биле доволни за да се купат останатите партиски простории лоцирани низ државата, судот по барање на обвинителството без да обезбеди супер вештачење донело одлука за конфискација на истите.

– Како обвинителството и судот утврдија дека предметниот Договор е незаконит затоа што бил несразмерен? Затоа што согласно Законот за процена на имот и Методологијата за изготвување на проценки, за идна градба, односно идна недвижност не може да се изготви проценка на пазарната вредност на истата. Од каде знаат колкава ќе е вредноста  на објектот на партнерот  во договорот? Можеби ќе биде милијарда евра, па делот кој го отстапуваат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде едноцифрен број на проценти. Од каде знаат колкава ќе биде вредноста, може ли некој да даде таква проценка на идна недвижност, тоа е спротивно на законот. Доколку правното лице незаконито на тендери, преку финансиски криминали се богатело, зошто обвинителството до сега не отвори ниту една кривична постапка за истото?, прашува Мицкоски.

Оваа претпоставка, вели тој, е недокажана и нема ниту еден материјален доказ.

– Затоа повторно напоменуваме, партијата во оваа постапка не е обвинета. Но за приватното лице и неговиот имот нема никаква постапка нити пак решение за конфискација на било што. Судот утврдил дека БЕТОН е оштетен, а сопственикот на БЕТОН на последното рочиште пред да се објави пресудата, пред судот изјави дека договорот што го склучила неговата компанијата со ВМРО-ДПМНЕ за нив бил исплатлив, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.