За лажните европски вредности во ДУИ говори величењето на албанскиот диктатор Енвер Хоџа. Големите демократи од ДУИ го воспеваат комунистичкиот диктатор и жалат за неговото време. Дека ДУИ обожаваат автократи покажува и фактот што ја одликувале сопругата на Енвер Хоџа на манифестацијата „Јануарски пламен“ во 2014 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека Енвер Хоџа беше ориентиран кон Кина и СССР, а не кон западните земји. Тој ги држеше Албанците во Албанија во изолација. Со ова всушност ДУИ оди против Албанците и демократските вредности за кои се декларира. Очигледно за ДУИ е најважен криминалот со тендери и ним не им е грижа за било чии права.
Малку е шизофрена ситуацијата, партијата која зборува за Европа да воспева еден комунистички диктатор кој што Албанија ја направил најзатворената и најсиромашната држава во Европа. Очигледно за ДУИ и Ахмети е нормално да се глорифицира некој кој илјадници Албанци затворал и малтретирал во време на неговото владеење.
Ако тоа е нормално, тогаш ДУИ немаат веќе легитимитет да зборуваат за европски вредности. Ако не е нормално тогаш треба да се оградат од настапите на нивниот лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.