Актерката Весна Бејби Петрушевска остана во шок откако ѝ стигнале последните сметки за струја. Преку фејсбук-видео таа им порачува на ЕВН дека се рекетари.

ЕВН онлајн како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките. Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални. Човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки. На крај мора да платиш. Рекетари едни, вели Петрушевска.

Кога пред некоја година автомобилот на актерката заврши во Вардар, таа стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн. Во рекламата нурка во реката за да ги извади сметките од возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.