Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на македонското Собрание на која се разгледуваше извештајот за работата на Државната комисија за спречување на корупција за 2023 година, го поздрави новиот софтвер на ДКСК за пополнување на анкетниот лист, при што додаде дека сепак тој има одредени аномалии кои се надева дека во скоро време ќе бидат надминати.

Панова упати и сугестија до новиот состав на ДКСК, при што посочи дека за сите функционери кои што нема да пријават анкетен лист и една од следните одлуки на комисијата би требало автоматски да впишат на списокот на луѓе на кои што ДКСК самостојно ќе им навлезе во детална проверка на нивниот имот.

Заради тоа што собирањето на 13, 14 илјади евра во буџетот на Република Македонија се многу мала сума на пари, а во исто време парите кои што функционерите би требало да ги платат поради тоа што не пополниле анкетен лист, сметам дека е симболична. А, во исто време, со самото тоа тие сметаат дека ќе бидат заштитени од било каква проверка на нивниот имот. Сметам дека во иднина, можеби е добро да размислите дека секој таков кој што нема да поднесе доброволно пријава до Државната комисија за спречување на корупција, автоматски ќе се упише во некаков регистар на луѓе на кои што во наредниот период ДКСК ќе треба самостојно да изврши увид во соработка со Управата за јавни приходи, со Централниот регистар, заедно со Катастарот на недвидножности и така натаму и сето тоа во насока да добијат, барем, одреден правец или одредена култура да добијат функционерите кој што се решеиле да ја застапуваат Република Македонија, да работат во името на Република Македонија и во исто време треба да знаат дека треба да даваат пример и да сносат и одредена одговорност за своите непостапувања во случајот“, рече пратеничката Панова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.