ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.
-Повторно лажете.
Прво тврдевте дека сме изолирани и дека никој со нас не се среќава од претставниците на меѓународната заедница, а сега велите дека ветуваме уставни измени.
Лажевте дека сте блиску до 80 пратеници па дури и Вие лично изјавувавте дека знаете како до 80 пратеници, како што и сега лажете за наводни ветувања исклучиво за дневно политички поени и за дефокус на јавноста од криминалот и корупцијата во ДУИ и СДСМ.
Ајде за вистината.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени!
Ниту имате, ниту ќе имате ниту сте блиску до 80 пратеници.
Точно е дека не капитулиравме пред Бугарија како што тоа вие го направивте.
Ве предупредивме да не ја прифаќате капитулацијата која не може да ја исполните.
Точно е дека два дена во парламент Ви укажувавме да не прифаќате преговарачка рамка во која билатерланиот договор со Бугарија е внатре.
Вие прифативте мислејќи дека така ќе потрошите уште некој месец од иднината на сите граѓани на Македонија, крадејќи и делејќи ги вашите тендери во 4 очи.
Но исто така е точно дека создадовте проблем со вашето незнаење и лакомост, проблем кој ја загрозува иднината на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија.
И да на состаноците со меѓународната заедница го констатираме проблемот и да, потребно е решение за тој проблем кој вие не можете да го решите.
Колку побргу замините, толку побргу ќе има решение за проблемот кој го создадовте и ја загрозивте вистинската европска иднина на Македонија, македонскиот народ и граѓаните.
П.с Ако не e толкава разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, еве кажете колку е? Но едно да знаете на наредни парламентарни избори кога и да бидат ќе биде уште поголема!, пишува Панова на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.