Бедно е ова што ни се случува во правосудството. Врз мотото „Нема правда, нема мир“ СДСМ и ДУИ дојдоа на власт, но факт е дека до денес немало пониско ниво на правосудството – сега само 8 отсто од граѓаните веруваат во судскиот систем, вели Александар Пандов од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Госпоѓата Весна Дамева е стручен соработник, не била судија, а сега како претседателка на Судскиот совет треба да го оценува судиите. Зарем вака ќе одиме во Европа? Тоа ли е мислењето на оние на кои устата им е полна со Европа? Оваа жена е ставена да служи на некои партиски кујни. Не е проблемот тоа што се сликала со Зоран Заев, но таа не крие дека е симпатизер на СДСМ, вели Пандов.
Во врска со тоа која е гаранцијата дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт состојбата во судството ќе се промени, Пандов коментира дека тоа зависи од чесноста на политичкото раководство на партијата.
Порано беа едни луѓе во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а досема други луѓе се сега, вели Пандов.
Во врска со назначувањето на Ислам Абази за шеф на ОЈО за што има шпекулации дека тоа е изведено во соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Пандов демантира и вели дека обвинителите не би гласале по барање на неговата партија оти таа не е на власт, на власт е СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.