Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во емисијата „Што не е јасно“ порача дека на 18 јуни на Ковачевски јасно и гласно ќе му биде предочено каде му е местото.

Пандов изјави дека уште на локалните избори, граѓаните му покажале на СДСМ каде му е местото.

За жал се уште СДСМ и ДУИ се на власт. А, токму тоа Македонија ја чини многу пари. Многу јад и чемер гледа Македонија во нивното владеење. Но, јас искрено сум оптимист и мислам дека се броени деновите на оваа Влада и дека на есен ние ќе имаме предвремени парламентарни избори – истакна Пандов, додавајќи дека листата на штетните политики на оваа власт кон Македонија е премногу долга, и дека верува оти македонските граѓани едвај чекаат предвремени избори за да го разрешат СДСМ од власт.

Пандов додаде дека македонскиот народ треба да излезе и да протестира бидејќи власта многу штета направи на Македонија со штетните политики.

Националните понижувања коишто им се случија на македонските граѓани, задирање во македонскиот идентитет, бришење на правото да македонскиот граѓанин е Македонец надвор од Македонија, неправди во правосудството, корумпирано правосудство, лоша економија, висока инфлација, се само дел од причини поради кои граѓаните треба да излезат на 18 јуни на протест – изјави Пандов.

Во текот на емисијата, Пандов посочи дека последното видео каде што Ковачевски се смее и молчи на коментарите на премиерот на Албанија е голема навреда за македонскиот народ. Тој истакнува џека не може премиер да премолчи на коментарите каде што се навредува државата.

Тој човек нема политички капацитет. За да си премиер треба да си спремен политичар. Ковачевски покажа дека не е спремен за да остане премиер на Македонија.

А, да не говориме за инфлацијата во Македонија, завчера читав дека 8.1% е европскиот просек, а во Македонија околу 12%, односно поточно е 11.9%, тоа е скоро 50% поголема инфлација имаме ние од Европа. Податоците во економијата за Македонија се застрашувачки – нагласи Пандов.

Тој порача дека и двојката на Ковачевски добиена од граѓаните школски е чиста единица. Иако Ковачевски е над 100 дена премиер на Македонија за жал не направи ништо за граѓаните, напротив државата ја втурна во поголема сиромаштија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.