Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во Македонија, вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Радев порачува дека „институциите во Република Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор“, пренесува БГНЕС.
„Сакаме да веруваме“, нагласува Радев во ставот што го соопшти прес-службата на шефот на државата, „дека повиците што денеска ги слушаме од официјалните институции во Македонија – решително да се бараат сторителите на овој варварски чин, ќе се реализираат на дело“.
Палењето на културниот центар на Бугарите во Битола е уште една провокација, дел од долгогодишната антибугарска кампања во Македонија. Толерирано повеќе или помалку од официјалните власти, со години наоѓаше израз во уривањето споменици, спомен-плочи, сквернавењето на воените гробишта поврзани со Бугарите и нашата заедничка историја. Преку навреда и искривување на историските вистинити текстови за Бугарија и Бугарите во учебници, книги, филмови, натписи во музеи и јавни места, таа ги труе и продолжува да ги труе умовите на многу генерации и да го попречува развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, се наведува во ставот на Румен Радев.
Според Радев, „не случајно Бугарија ги поставува најважните услови за нашиот договор за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вклучување на граѓаните со бугарски идентитет во уставот на земјата како нација која ја гради државата и дава сигурни и неповратни гаранции за надминување на говорот на омраза. За жал, и денес владејачката партија и опозицијата во Република Македонија не можат да постигнат парламентарно мнозинство за да ги исполни овие темелни критериуми на демократијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.