Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.

Ова го потврди синоќа шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во емисијата 24 Анализа.

Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, работеше една година, рече Османи во емисијата.

Кон средината на октомври во посета на Македонија беше словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а на средбата со Османи, министерот ја пречека со знамето на Словачка, наместо со Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.