Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија.
Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна или на работ на фронтот. Интересно е што бројот на барањата за бугарски пасош од Албанија е поголем од Македонија.
Според податоците, најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања.
Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло.
Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711.
Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба.
Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.