„Шест и половина години ја продаваат оваа шарена лага, потпишаа се што им беше ставено на маса. Не само што не го заштитија националниот и државен интерес туку дополнително го оштетија и го отежнаа на генерациите кои што доаѓаат, па сега ќе мора да го вадиме, ги нарушија сите преговарачки позиции на Македонија и за сметка на тоа не добија ништо. Дури и ова последново што беше потпишано и наречено Француски предлог, лага и тоа голема лага е дека е практично договор за членство за ЕУ. Ова е договор со кој што дополнително ќе се отвори процесот на дополнителни би рекол условувања и ќе го направи самиот пат невозможен би рекол за Македонија и македонските граѓани“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на Ковачевски каде што во изминатиот период вели дека изборот на овие избори ќе е ЕУ или изолација.

Мицкоски додаде дека овие шест ипол години не само што оваа Влада не ја донесе Европа туку ја оддалечија земјата.

„Не оддалечија во смисла на тоа дека нивото и степенот на криминал и корупција се од епски размери, и највисоки во Европа. Економски уназадувавме наместо да одиме напред“, рече тој.

„Се сеќавате ветуваа раст на БДП просечен од 5%, 2023-тата година со најнизок раст во регионот завршивме од едвај 0,9%. Иако мислам дека после ревизијата која што ќе ја направи независен државен завод за статистика, а не овој партиски и политизиран завод на ДУИ и СДС, тогаш нема да биде поголема од 0,5 – 0,6%. Значи дури они и инерцијата на економијата успеваат да ја придушат“, заклучи Мицкоски.

Тој посочи дека овие избори не се избор помеѓу Европа и изолација. Овие избори се одлука на граѓаните во Македонија помеѓу Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од друга страна. Граѓаните мора јасно да знаат ова се избори на одлука во која што ќе бираат од едната страна групата Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски и од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Секоја друга трета опција или седење дома е директно гласање за првата група, а тоа се Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски.

„Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на следните избори, да земат учество и да одлучат во каква држава сакаат да живеат“, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.