Додека оди по маркети и замрзнува цени на јајца и зеленчук, кои никако да замрзнат, семејството Ковачевски го зголемува своето богатство преку влез во доходовни бизниси.За да се стекне со голем и вреден имот, сопругата на Ковачевски влегува во односи со Владата, со која управува нејзиниот сопруг Димитар Ковачевски,вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа одлука се отуѓува градежно земјиште сопственост на Република Македонија на друштвото за производство и продажба СОЛ ГРУП 5 ДОО Скопје. Со овие зборови почнува Одлуката со која Владата ѝ продава 1.119м2 државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски.

Оваа Одлука е објавена во Службен весник од 21 март оваа година, а донесена 7 дена претходно односно на 14 март, на седница на Влада. Еве ја Одлуката на Владата, а еве го и потписот на Артан Груби, кој се јавува како потписник во име на Владата.

Во време кога Ковачевски е претседател на Влада, неговата сопруга добива државно земјиште од истата таа влада, за бизнис за производство на струја од фотоволтаици.Токму Ковачевски е основач и на Пиксел груп, фирма за производство на фотоволтаични панели, сега во посед на неговиот кум Горан Паунов. Фирма која е основана и забрзано се шири со доаѓањето на СДС на власт.

Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, сега гледаме дека влегла неговата сопруга, а за помош добива земјиште и од Владата.

 

Одлуката на Влада со која сопругата на Ковачевски добива државно земјиште додека Ковачевски е премиер е доказ колку власта е забегана и дека не ја интересира ништо освен сопствениот интерес и интересот на нивните семејства кои шират бизнис додека тие се на власт. Ова е доказ дека оваа власт на СДС и ДУИ мора да си замине, зошто државата не смее да биде алатка за богатење на неколку семејства во врвот на власта. Потребни се промени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.