Во присуство на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, на улица „Македонија“ во Скопје беше отворен штаб на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски изјави дека овој штаб ќе биде место кое што скопјани ќе можат да доаѓаат и да разговараат за сето она што ценат дека ВМРО-ДПМНЕ може да го испорача и реализира.
Скопјани ќе имаат можност да разговараат и со градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со советниците, со пратениците, со истакнати активисти од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И сето она кое што скопјани ќе го кажат практично на тие состаноци ќе биде дел од програмата и од следните амбиции кои што ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада ќе ги реализира овдека во Скопје, порача Мицкоски.
Тој додаде дека очекува штабот да биде и место каде што ќе се слават победите на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските, парламентраните и локланите избори.
Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, изјави дека заедно со отворањето на штабот започнуваат и со проектот „Иницијативи за Скопје“, проект кој ќе опфаќа граѓански дијалог.
Оваа канцеларија ќе биде место каде граѓаните секојдневно ќе може да остваруваат директни непосредни средби со нашите народни избрани претставници. Секојдневно ќе имаат можност граѓаните да се сретнат со членови на совети од општините и Град Скопје, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а исто така ќе може да остваруваат директни средби со нашите градоначалници во Скопје исто така и со пратениците од Собранието на Република Македонија, изјави Христовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.