Во медиумите во Македонија бледо помина информацијата што ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи дека се формирал некаков „КВАД 100% во кој покрај Македонија влегле и Косово, Албанија и Црна Гора. Целта на ова група ќе била усогласеност со надворешната политика на ЕУ.
Во фокусот: целосната усогласеност на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во светло на новата гео-политичка реалност, хибридните закани, енергетската криза и економските последици предизвикани од руската инвазија на Украина-напиша Османи на Фејсбук.
Забележително е дека во објавата на Османи се напоменуваат зборовите „заедничка безбедносна и надворешна политика“.
Забележително е дека во овој сојуз, иницијатива, како и да се нарече, ја нема Србија иако таа е најдалеку е отидена во процесот на евроинтеграција. Дали ова можеби ова за Османи е некаква замена за „Отоворен Балкан“ во кој не се ниту Црна Гора ниту Косово.
„Република“ го прашува Османи каква заедничка надворешна политика со Косово ќе има Македонија кога ниту ЕУ ја нема усогласено надворешната политика за ова прашање бидејќи пет земји не го признваат Косово за држава?
Згора на тоа, според Резолуцијата 12 44 Косово не смее да има војска. Дали тоа значи дека Османи не ги почитува одлуките на Обединетите нации или за него е важно само да го пофали ЕУ?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.