Вонредниот и ополномоштен македонски амбасадор во Јапонија, Горан Цеков е отповикан од Токио и има рок од пет дена да се врати во Скопје. Одлуката е по предлог на министерот за надворешни работи, Бујар Османи што е прифатен на влада.

Од МНР информираат дека Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник.

Неофицијално, амбасадорот Горан Цеков е повлечен од амбасадата во Токио, по обвинувања за непримерно однесување поднесени од две жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.