За разлика од Стево Пендаорвски, кој лани избега од народот и не одржа говор на Мечкин Камен, Димитар Ковачевски се покажа како добар менаџер. Откако членството обелодени дека со автобуси ќе го носат во Крушево за да изигрува „народ“, од владата пристигна соопштение дека премиерот ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.
Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во која се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Со државна почест и чествување големиот национален празник Илинден се одбележува во Крушево, со положување свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.
Централната манифестацијата започнува во 11:30 часот со обраќањето на Ковачевски. Ова е уште една „новина“ во однос на минатата година, кога Пендаровски и Заев ја поместија централната свеченост за 18 часот за народот да се разотиде.
Во рамки на централната манифестација предвидена е празнична културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.